БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сиљановска- Давкова: Инспиративна и конструктивна средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во рамки на нејзините работни активности Претседателката на Република МАкедонија Гордана Сиљановска Давкова оствари работна средба со Претседателот на Сојузот на Стопански Комори на Македонија Бранко Азески.

Во разговорот Претседателката се информирала за економските состојби со кои што работат Македонските компании и претприемачо, како и за очекуваните планови и резултати за наредниот период.

“Од претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, бев информирана за актуелните состојби во националната, европската и светската економија, но и за предизвиците со кои се соочува македонското стопанство.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Разменивме ставови за плурализмот во здружувањето на претприемачите, како и за практикувањето соработка заснована на разбирање и почит.

Разговаравме за унгарскиот кредит и очекуваните резултати, односно за важната улога на владата во креирањето на здрав и компетитивен општествен амбиент за бизнис натпревар, за развој на домашните компании и привлекување на странски инвестиции.

Ја актуелизиравме потребата од вклучување на македонската дијаспора во развојот на економијата. Му ја предочив намерата да формирам Совет за соработка со дијаспората. Вети конкретни предлози за можните решенија.

Разговаравме и се согласивме околу важната улога на компаниите во заштитата и промоцијата на нашето природно, културно и историско наследство.”

-информираше Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во врска со оваа средба.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace