Денеска на прес конференција од Владата на Република Македонија портпаролката Марија Митева ја алармираше јавноста за незаконските аспекти на штрајкот кој што го организира УПОЗ во неколку министерства и органи на јавната управа.
Според Митева овој штрајк има сомнежи дека е политички мотивиран а се реализира на незаконит начин од страна на синдикатот на УПОЗ со оглед на тоа што не се исцрпени сите законски инструменти кои што се предвидени во Законот за работни односи.
-Сакам да ја потсетиме јавноста дека за само шест месеци успеавме да постигнеме договор за покачување на платите на вработените во здравството, во образованието, а се покачија и пензиите. Исто така посочуваме дека Владата обезбеди додаток на плата и К-15 на сите вработени и, повторувам, подготвени сме да разговараме на секоја тема. Секој штрајк треба да биде организиран во согласност со законот за работни односи и колективните договори, да биде најавен согласно законот. Да биде спроведена и постапката за помирување која е задолжителна и да се определат нужни работи кои мора да се вршат. Бидејќи, за жал, ниту еден од овие постоечки законски услови не е исполнет, говори за незаконитост на штрајкот и отвора силен сомнеж дека овој штрајк е политички мотивиран,”
-рече на почетокот на својата прес конференција портпаролката Митева.
-Интересно е што изминативе години, овој синдикат како да молчеше за ова прашање и со жалење мораме да истакнеме дека отворено се сомневаме дека зад ваквиот чекор стои политичка позадина на синдикатот кој делува како продолжена рака на партиите кои досега, за жал, ги слоупотребуваа правата на работниците. Прашуваме дали ова е начинот на кој се злоупотребува синдикалното движење во државата?! Како Влада гледаме реално на работите и не сме задоволни од платата во администрацијата, но потенцираме дека дијалогот е вистинскиот начин за изнаоѓање на решение,
-нагласи портпаролката на Владата.
Политичките манипулации во однос на работничките права и социјалните бенефити за граѓаните е веќе позната алатка во рацете на СДСМ од минатото која што видовме дека не донесе ништо добро за работниците и воопшто граѓаните во Македонија.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Синдикални играрии: Митревски- Трендафилов е нелегитимен претставник на „ССМ“
Премиерот Мицкоски во посета на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини – поддршка за стабилен и одржлив енергетски сектор
Гевгелија е град на културата за 2025 година