БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Продолжува трендот СДСМ од опозиција да промовира реализација на проекти на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција од името на СДСМ во јавнста излезе пратеникот на СДСМ Миле Талески кој што го афирмираше проектот за изградба на Експресниот пат Дреново- Градско кој што минатата власт го имаше заглавено во финансиски проблеми и технички пречки во реализацијата со изведувачите.

Ова не е првпат СДСМ во јавноста да афирмира проекти кои што ги финишира актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ а во недостиг на завршени проекти во нивниот мандат веројатно ваквата практика на СДСМ ќе продолжи во недостиг на реални политики за подобрување на живеачката за граѓаните. Впрочем казната на граѓаните дојде на изборите лани во мај месец, поради ниското ниво на ефикасност и во огромна мера неспособност на власта на СДСМ и ДУИ покрај големите скандалозни афери кои го карактериираа нивното владеење.

“Експресниот пат Градско – Дреново над 92% е реализиран од СДСМ и горди сме што е завршен

Почитувани граѓани на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Градско, на цел Прилепско-Пелагониски регион.

Со гордост денеска го одбележуваме пуштањето во употреба на експресниот пат Градско – Дреново, проект со огромно значење за нашите граѓани.

Овој проект, вреден над 37 милиони евра, е дел од посветената работа на СДСМ во развојот на патната инфраструктура и подобрување на животот на граѓаните од овој крај.

Владата на СДСМ обезбеди средства и го реализира проектот со над 92%. Ги заврши:

• Трите клучки кај Градско, Росоман и Дреново;

• Четирите вијадукти;

• Сите мостови, надпатници и подпатници;

• Како и 98% од поставениот асфалт.

Актуелната власт само постави 50 метри асфалт и денеска го пушта во употреба.

Да денеска ќе се китат со туѓи перја но важно е што граѓаните конечно добиваат целосно функционален експресен пат.

Очекуваме наскоро да биде завршена и делницата од Дреново до Фариш, која е веќе над 80% реализирана благодарение на домаќинското и одговорно работење на Владата на СДСМ. Беа пробиени и двата тунели на оваа делница и зошто власта сега доцни е прашање.

Реализацијата на овој проект е огромно економско значење за сите граѓани, особено за жителите на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Градско.

Пат кој значи подобрување на локалната економија но и безбедноста на граѓаните, затоа што станува збор за пат направен по европски стандарди.

СДСМ многу инвестираше во различни проекти, особено во патната инфраструктура.

Целосно ја обновивме патната делница кај Плетвар, патот од Прилеп кон езерото, а ја започнавме реализацијата на стратешкиот проект за автопат Прилеп-Битола како дел од Коридорот 10д, прв автопат во овој регион.

Ова е доказ за нашата одговорност и посветеност кон реалните потреби на граѓаните и ова е потврда за придобивките на граѓаните од вистинските и визионерски политики на СДСМ.

Им благодариме на сите вредни градежни работници, инженери, проектантни, на сите кои неуморно работеа, учествуваа во реализацијата на овој проект.”

-рече денеска на прес конференција пратеникот Миле Талески од СДСМ.

Креирано од:


Пренеси го гласот