БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево, Росоман се поврзуваат со модерен пат со главниот град

Пренеси го гласот

За само десетина дена претставниците на централната власт во државата на чело со Премиерот Мицкоски, Министерот за транспорт Александар Николоски и Директорот на ЈП Државни паришта Коце Трајановски го пуштија во употреба и вториот експресен пат во државата. Станува збор за делница од 15.5 км експресен пат на релација од Дреново до Градско што ќе значи препород за повеќе општини и населени места во централниот дел на државата.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денес присуствуваше и се обрати пред присутните на настанот за свечено пуштање во употреба на делницата Градско-ДреновоЧ

-“Во рок од само десетина дена, второ големо отворање. Денес го отвараме експресниот пат кој ќе нè поврзува од Градско до Дреново. Еден преубав експресен пат кој ќе значи многу во поврзувањето и на Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево, Росоман, со главниот град. Ќе значи и поврзување со соседна Грција и поврзување со Коридорот 10 кој треба да значи целосно или автопатско или експресно поврзување со ГП Меџитлија,”

-рече Министерот Николоски од денешниот настан. Притоа Николоски обзнани во јавност скандалозни информации за приините зошто овој значаен проект бил заглавен од претходните функционери на претходната власт:

-“Ние сме избрани да работиме, а не да се жалиме и даваме образложенија, но пред мене имам нешто и рачно пишувано, нешто со маркер , го имам и првиот документ кој што го добив кога станав министер, првата голема главоболка со која се соочив – Извештајот за состојбата, во каква состојба беше изградбата на овој експресен пат. Ќе ви кажам кратко, директно, работници немаше, активности немаше, не беа решени косините и фалеа некаде околу 13 милиони евра за да се исплати и да се доврши реализацијата на овој експресен пат. Изведувачот се спремаше за арбитража, првите чекори беа преземени. Работниците беа повлечени. Причината беше претходната Влада која година ипол не сакала да потпише два адендуми кои беа договорени заедно со европската делегација и не сакала да формира Комисија која што ќе ги спроведува. Новата Влада за само месец дена ја формираше Комисијата во јули, во август се работеше на содржината на овие два анекси и на 12-ти септември проблемите беа решени. Од тогаш до буквално Нова година се работеше тука, се заврши и честитам,”

-рече Министерот Николоски во неговото обраќање пред присутните.

Креирано од:


Пренеси го гласот