БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Скопје е домаќин на меѓурегионален состанок за европската интеграција и преговорите со ЕУ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Скопје, 15 септември 2026 година – Во Скопје се одржува Меѓурегионалниот состанок на главните преговарачи и високите претставници одговорни за европска интеграција, чиј домаќин е првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали. Состанокот обединува претставници од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија, како и претставници на Европската Унија и меѓународни партнери.

Во фокусот се иднината на проширувањето на Европската Унија, следната Повеќегодишна финансиска рамка и забрзувањето на усогласувањето со законодавството на ЕУ преку поефикасна соработка меѓу владите и парламентите.

Во својата порака, Сали нагласува дека проширувањето е стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и просперитетот на Европа. Тој истакнува дека посветеноста на реформите треба да биде проследена со веродостоен и предвидлив пристапен процес, во кој напредокот се оценува врз основа на заслуги.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Посебно внимание се посветува на постепената интеграција и можностите граѓаните и бизнисите да ги почувствуваат придобивките од приближувањето кон ЕУ уште пред членството. Во таа насока, следната Повеќегодишна финансиска рамка претставува значајна можност за поддршка на реформите, зајакнување на институциите и економската конвергенција.

Дискусиите ја опфаќаат и улогата на парламентите во процесот на европска интеграција, потребата од рана координација при подготовката на законодавството и значењето на парламентарниот надзор за квалитетот и спроведувањето на реформите.

Состанокот има цел да ја зајакне размената на искуства и практичната соработка меѓу институциите што го водат процесот на европска интеграција, како и да утврди области за понатамошна меѓурегионална соработка.

Министерот Сали изразува благодарност до учесниците и партнерите, со посебна благодарност до Амбасадата на Сојузна Република Германија и ГИЗ за поддршката во организирањето на состанокот и за континуираната поддршка на европскиот пат.

Извор: Кабинет на министерот за европски прашања

Креирано од:


Пренеси го гласот