БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со низа на свечености членовите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево го одбележаа денешниот празник 23 Октомври

Пренеси го гласот

Членови и симпатизери на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево и останати граѓани вчера и денеска со низа свечености го одбележуваат 23 Октомври Денот на Македонската револуционерна борба во Делчево.

Во текот на вчерашниот ден попладне на пригодна свеченост во просториите на Општинскиот комитет во Делчево беше одржан прием за сите почитувачи на делото на сите револуционери кои што се имаат втемелено себеси во борбата за слобода и независност на Македонија.

На свеченоста свое обраќање пред присутните имаше претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски како и пратеникот во Македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Како дел од настаните за одбележување на денешниот празник, со најголемото знаме со Сонцето на Александар III Македонски што постои во светот, денес членовите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево се поклонија пред споменикот на Гоце Делчев во Делчево

Во претпладневните часови делегации на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево предводени од Претседателот Иван Гоцевски се поклонија и положија букети со свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на Делчево.

Притоа во рамки на настанот беше прочитан пригоден реферат за значењето на денешниот државен празник.

Во чест на и слава на континуитетот на Македонската револуционерна борба за слобода на Македонскиот народ денеска пред соименикот на Гоце Делчев во Делчево беше истакнат Македонскиот национален симбол- Златно жолтото сонце со шеснаесет краци на црвена подлога.

“Само народ кој има храброст да се соочи со сопственото минато, има сили да ја гради и сопствената иднина.

Само народ кој има памтење, има зрелост и мудрост да го продолжи животот и да се соочи со сите предизвици што ги носи иднината.

23-ти Октомври е еден од најсветлите датуми на Македонската историја, ден на создавањето на Македонската револуционерна организација која во колективната меморија на Македонскиот народ е запишана како ВМРО-Внатрешна Македонска Револуционерна Организација чиј прв Претседател бил Христо Татарчев.- ВМРО со времето прераснала во историски препознатлив код на Македонскиот народ.

На овој ден, ќе говориме за минатото и за иднината, за предизвиците, за поразите, за проблемите и победите.

Ќе говориме за нашите херои одминатото кои ги водеа визиите и идеите, храброста и одлучноста, пoсветеноста и определбата за една кауза која се вика Македонска држава.

⚫️🔴 Тие луѓе ги дале своите животи за тоа за што верувале. Имале цел и идејаводилка. Не се плашеле да застанат на патот на што било или кого било,верувајќи во исправноста на тоа што го прават, за доброто на нашиотнарод. Нивниот пример треба да биде наш, нивната волја страст, енергија,верба, треба да остане општ кодекс на однесување кога е во прашање нашата држава и интереси.

Ова е ден кога пред многу години Македонскиот народ ја добива организацијата , која по својата форма и функција ја отсликува оваа негова желба, која прераснува во предводник и организатор на Македонската револуционерна борба за обезбедување на најосновните човекови права иможност за достоинствен живот. Целта на Внатрешната македонска револуционерна организација била изедначување на македонскиот со сите останати европски народи кои непречено ги изразувале и одржувале своите традиции, култури ипосебности, непречено на својот мајчин јазик. Основоположниците инејзините членови имале вонредно тешка задача да го организираат народот и успешно да покренат движење кое ќе води кон слободата на Македонија. Благодарение на нивната неисцрпна љубов кон татковината, која им јадавала силата да истраат во своите напори и фанатичната посветеност конзададената цел која е дел од битието на секој Македонец, членовите на ВМРО оставиле траен позитивен белег во нашата историја, а нивнитевредности и дела трајно се вградиле во македонската државност.

Пред таквата посветеност и упорност денес ја изразуваме нашата благодарност.

Правото да ги одгледуваме и воспитуваме нашите деца во согласност со нашите обичаи и традиции, а со тоа и да ги зачуваме за идните поколенија Македонци , во кои ќе продолжи да гори огнот наваквите цели и идеали!

Почитувани сограѓани, Одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, е празнување на идејата за самостојна и независна Македонија. Овој ден претставува завет на македонските револуционери, предвесник на Македонската Револуционерна Организација, симбол на непокор, патриотизам и правда.

Пламенот што го разгореа револуционерите го презедоа илинденците, борците во Народноослободителната и антифашистичка борба и носителите на АСНОМ, кои го остварија стремежот за слободна Македонска држава. Без 23 октомври 1893 година не ќе беа можни ниту трите светли Илиндени од 1903, 1944 и од 1991 година.

Почитувани сограѓани, нека ни е честит празникот!

Нека е вечен споменот за македонските револуционери!

Нека е честит големиот 23 ти Октомври – Денот на Македонскатареволуционерна борба!

Да живее Република Македонија!🇲🇰🇲🇰🇲🇰

-реферираат од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево по повод денешниот празник 23 Октомври Ден на Македонската револуционерна борба.

Креирано од:


Пренеси го гласот