БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Честиткa по повод 23 Октомври од Градоначалникот на општина Виница Миле Петков

Пренеси го гласот

По повод 23 Октомври денот на Македонската револуционерна борба градонааликот на општина Виница Миле Петков упати честитка до сите граѓани на Виница и сите Македонци во Македонија и насекаде во светот.

“Почитувани сограѓани,

Ми претставува големо задоволство од името на Општина Виница и од свое лично име, да ви го

честитам големиот државен празник, 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.

Овој голем национален празник е потсетник за првата семакедонска организација и нејзината најголема цел да го обедини македонскиот народ и да ја исполни вековната желба за слободна татковина. На овој ден се потсетуваме на истрајноста и пожртвуваноста на нашите претци, но и одлучноста и нескршливата волја за слобода и независност.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев е формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно македонската револуционерна организација (ВМРО).

Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската Република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава.

Нека е вечен споменот за македонските револуционери!

Нека е честит големиот празник 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба!”

-стои во честитката на Миле Петков- Градоначалник на општина Виница.

Креирано од:


Пренеси го гласот