БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Соопштение од Институтот за јавно здравје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

ИЈЗ е во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и другите надлежни институции од државата. ИЈЗ во текот на вчерашниот ден испрати обучен експертски тим од институтот за вонредна контрола во засегнатото подрачје.  

Земени се примероци (мостри) од вода, почва и воздух за испитување на радиоактивност, како и примероци од вода, водовод, бунари, почва за физичко хемиска анализа.  

Во текот на денешниот ден, во ИЈЗ добиени се резултати од воздух и почва, од примероците за испитување на јонизирачко зрачење (радијација) и истите се во нормални референти вредности, без отстапување.  

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Резултатите од мострите од вода за испитување на јонизирачко зрачење, согласно методата по која се испитува ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.  

Во примероците (мостри) од вода по однос на физичко хемиската анализа, нема одстапувања во вредностите по однос на тешки метали. Во земените примероци од вода постои единствено индикатор за зголемена содржина на органски материи во подземната вода кои се од друго потекло.  

По однос на примероците земени од почва за присуство на тешки метали, резултатите согласно  методата на испитување ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.  

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace