БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Советници на СДСМ не гласале за кофинансирање на Проектот за затворен зелен пазар во Лозово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Лозово во јавноста излезе со свое соопштение во врска со текот на реализацијата на проектот за изградба на нов зелен пазар во Лозово, за потребите на граѓаните.

Станува збор за проект кој што како техничка документација е изготвен во декември минатата година по што градоначалникот со неговиот тим во општината пристапиле кон изнаоѓање на извори за негово финансирање.

Проектот за изградба на нов затворен зелен пазар во Лозово според проектната документација чини над 17 милиони денари за што градоначалникот Цветковски, со поддршка од мнозинството советници во советот планираат фазна изградба на пазарот. Во провата фаза за која што веќе е донесена одлука за кофинансирање во износ од над 2,8 милиони денари сретства обезбедени од општинскиот буџет општината аплицира за добивање поддршка од Бирото за регионален развој во рамки на Министерството за Локална самоуправа од каде треба да се обезбедат за оваа прва фаза над 9,6 милиони денари.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Притоа градоначалникот Цветковски во врска со прозивките на локалната опозициска СДСМ јавно реплицираше дека за оваа одлука не гласале советници на СДСМ во општинскиот совет, со што укажува на обидите за опструкции за реализацијата за овој значаен капитален проект за жителите на Лозово, но и поширокиот регион.

“Почитувани,

👉Со оглед на тоа што е објавена дел од проектната документација која се однесува на Затворениот Пазар во населено место Лозово, ќе споделам неколку факти…

(👮‍♀️🕵️‍♂️👨‍⚖️надлежните институции треба да проверат на кој начин ОО СДС Лозово се стекнала со истите)

⚠️За нештата да бидат појасни:

1️⃣. ОО Сдс во својата ФБ објава се обидуваат да продаваат евтини приказни кои се далеку од реалноста, односно заборавиле да го тргнат дури и датумот кога е изработен проектот (ДЕКЕМВРИ 2021)

🫵Тоа е периодот кога Јас сум Градоначалник,а не претходниот‼️

2️⃣. Извештаите од Ревизијата за проектот се направени во МАРТ,2022 година.

🫵Исто така,тоа е периодот кога Јас сум Градоначалник,а не претходниот‼️

3️⃣. Првата фаза од Проектот е аплицирана во месец МАЈ, 2022год со Одлука за Кофинансирање од 2 810 012 денари, за која не гласаа двајца советници од СДС

🫵Јасно се гледа од сликите кој се грижи за развој на општината а кој блокира‼️

4️⃣. Приказ од изгледот на Затворениот пазар кој се однесува за внатрешниот и надворешниот дел од секоја страна поединечно..

5️⃣. Основниот проект содржи:

↘️Архитектура

↘️Градежни Конструкции

↘️Електротехника

↘️Водовод и Канализација

↘️Елаборат за заштита од пожари,Експлозии и Опасни материи

↘️Сообраќај

↘️Елаборат за заштита на животна средина

↘️Елаборат Геомеханика

↘️Урбанистички проект

➡️п.с. Старите викаат,на лагата и се кратки нозете… Знам дека ти е тешко да разбереш, но не ти поминуваат приказните… 🅱️❤️

соопштува Бошко Цветковски Градоначалник на општина Лозово.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace