БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки од собрание: Со предавници не планирам да разговарам!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот Драган Ковачки денекска во рамки на расправата за донесување на измените на Законот за служба во АРМ од собраниската говорница на пленарната седница упати своја кратка реплика во насока на разобличување на намерите на актуелното владеачко мнозинство во однос на постапката за донесување на измените на овој закон.

“Со предавници не планирам да општам ниту да разговарам”,

-рече на почетокот на својата реплика пратеникот Ковачки по што продолжи:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

…”затоа гледам горе, вие гледајте долу, затоа што таму треба да ви оди погледот. Кој клевети и лаже ќе си го прашате вашиот врховен командант во една негова песна имаше така убаво опеано за него.

На двапати досега го поднесувавме законот за измени за Служба во АРМ, на два пати по скратена и на двапати по идна постапка. Ова владеачко мнозинство како што се собираше да го врши предавството на Република Македонија, досега можеше да се собере и да го изгласаме овој закон. Значи јавно даваме поддршка, еве уште еднаш кажувам- јавно даваме поддршка за овој закон. Зошто ова досега не можете да го направите? Дали се внатрешни проблемите во коалицијата, помеѓу вас што не можете да се усогласите, јас тука не навлегувам, меѓутоа припадниците на АРМ страдаат токму заради вас, заради вашата неодлучност, заради вашата неинвентивност… “

-соопшти од собраниската говорница пратеникот Драган Ковачки.

Креирано од:


Пренеси го гласот