БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Уште еден нов асфалтен пат во Македонска Каменица. Овојпат за жителите на с. Цера

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Асфалт за секое населено место до секое семејство, во Македонска Каменица како ветување пополека се реализира. Денеска на терен во селото Цера градежни машини на фирмата изведувач интензивно работеше на изведба на новиот асфалтен пат по кој што жителите во т.н. Каранфилско маало од денеска ќе можат да патуваат кон Македонска Каменица и кон остатокот од светот.

Реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект е со општински сретства на сите граѓани со што се исплаќа оваа инвестиција во форма на подобрен животен стандард за овие жители.

“Асфалтен пат во маала Каранфилци во село Цера

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Продолжуваме со реализација на ветувањето дека ќе ги асфалтираме и уредиме локалните патишта во сите рурални средини. Денес се финализира изградбата на локален пат до маала Каранфилци во село Цера. Веќе со наредниот буџет ќе предвидиме финансиски средства за изградба на десетина локални патишта во сите селски средини, а сериозен приоритет ќе биде и подобрувањето на водоводната мрежа.

Продолжуваме посветено и парите на граѓаните се инвестираат во проекти од широк јавен интерес. Докажуваме дека со рационални инвестиции може да се изгради модерна општина.”

-објави преку социјалните мрежи градоначалникот на општина Македонска КАменица Димче Атанасовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace