БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Млади херои како штипскиот Питагора заслужуваат највисоко внимание од институциите во државата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Дамјан Давков од Штип е навидум обичен млад штипјанин кој што сака вообичаени работи како и сите луѓе на негова возраст. Но Дамјан со својата макотрпна работа и труд постига високи дострели во своето образование, што го чини вонсериски херој на Штип, но и пошироко на нашата Македонија.

Денеска Дамјан имаше средба со штипскиот градоначалник Иван Јорданов по повод освојувањето на второто место-сребрен медал на светската олимпијада по математика.

Градоначалникот Јорданов со цел за поддршка на Дамјан му додели вредносен ваучер, при што упати порака за сите идни херои на Штип дека ваквите успеси не смеат да бидат игнорирани од институциите во државата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Нашето чудо од дете, штипскиот Питагора, на Светската математичка Олимпијада освои сребрен медал, постигнување со кое повторно не направи горди. Затоа, денес во Општина Штип на Дамјан Давков му врачивме мал подарок, вредносен ваучер, со кој сакаме да му покажеме дека го вреднуваме неговиот успех и го мотивираме да продолжи да нижи успеси на секое поле!”

-соопшти градоначалникот Иван Јорданов во врска со оваа средба

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace