Секој кој искрено и служи на Македонија, народ и национален интерес, знае дека е особена чест и гордост,да се постигнуваат добри резултати кога не постои инвестициона и морална поддршка од домашен ни од странски аспект. Најголемата привилегија и обврска е да го прифатиме товарот за другите во интерес на спречување на националните порази.
Каузата Македонец за Македонец, секојдневно оди чекор подалеку и заради свој опстанок да продолжи со динамичен развој како на идеи и нови проекти, така и на јавно истапување против сите неправди нанесени и на Македонија и Македонецот од страната на домашната политичка структура.
Борба за Македонската Кауза,вреди лична жртва и тоа го докажуваме и покажуваме секојдневно на дело. Со предводникот на Каузата Македонец за Македонец, Дејан Гавровски, започнавме една нова Историја, преку кампања од нашата канцеларија во Три бисери, Аеродром, во Скопје, под три пароли кои што се секојдневје на се повеќе Македонци:
Македонец за Македонец
Македонија е наш Аманет
Македонија е Жива!!!
Тоа го живееме 4 години и продолжуваме до крај.
Секој може да стане дел од оваа борба,со мисла и дело,борец за Македонската Кауза.
Канцеларија Македонец за Македонец,Три бисери ,Аеродром, наспроти сендвичара Седмица во Скопје .
Повелете ,тука сме за вас и за Македонија
078 215 352


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
40 годишник од Свети Николе предизвикал општа опасност со палење на отпад
Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
Нова лабораторија за работа во дрво на Факултетот за ликовни уметности – Скопје