Во недела на 12 мај во рамки на конгресниот и изложбен саем Инчиба во Братислава, Словачка се одржа спектакуларен концерт на светски познатиот пионер-артист на електорнската музика Жан Мишел Жар. Настанот кој се организираше како грандиозно отварање на овогодинешниот Стармуш Федтивал изобилуваше со спектакуларни светлозни, пиротехнички и звучни ефекти синхронизирани до совршенство на огромна површина и простор така што не само присутната публика можеше да ужива во истите туки ова визуелно и звучно задоволство беше видливо пошироко во оваа Европска претстолнина. Настапот на еден од легендарните музички пиенери на електронскиот звук Жан Мишел Жар беше спонзориран од компанијата ESET Digital Security така што овој грандиозен концерт може/ше бесплатно да се погледне како на саемот во Братислава така и од светската база на фанови на звукот и уметноста на Жан Мишел Жар.
На сцената пред грандиозниот SNP мост пред светската публика се појави и гитаристот Брајан Меј кој со својот настап даде една епска нота на целиот настан.
Концертот беше организиран во соработка со градските власти на Братислава и топло го препорачуваме да го погледне нашата публика, за да сватиме во какви ГЛУПОСТИ си ги трошиме животите ограничени од локални проблеми кои сами си ги наметнуваме!
Жан Мишел Жар пред неколку години имаше свој спектакуларен концерт во салата Борис Трајковски во Скопје, каде што имавме моност да бидеме дел од овој културолошки феномен.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости