Меѓународната манифестација “Гоцеви Денови” е една од најголемите, најмасовните и најпознатите манифестации кои што биле реализирани од страна на Република Македонија, со учество на голем број на институции, здруженија, приватни правни субјекти и поединци.
Оваа репрезентативна, афирмативна културно-научна и едукативна манифестација посветена на идеологот на Македонската Револуционерна Организација Гоце Делчев била реализирана во континуиетет цели 48 години со голем број на активности, свечености и настани како во Република Македонија така и во многу земји низ светот.
Меѓународната манифестација “Гоцеви Денови” претставува своевидна круна на афирмацијата на МАкедонскиот национален идентитет и борба за слобода и независност кои се содржани во ликот и делото на големиот Македонски син Гоце Делчев.
Раѓањето на манифестацијата во рамки на нејзиното долгогодишно постоење, познавачите го лицираат во селото Град, Општина Делчево кога од страна на повеќемина граѓани во ова село била организирана средба на 04.05.1965 година, која била посветена на Делчев, со народен дух на афирмација и славање на неговиот лик и дело. Тогашното Собрание на Делчево ја превземало ваквата активност како културен настан и од тогаш до ден денес се организира чествување секоја година по повод денот на смртта на Делчев на локално ниво.
На тој начин повторно започнал да тлее духот на Гоце Делчев помеѓу Македонскиот народ во градот кој што го носи неговото име. По некоја година започнала да се реализира културната манифестација “Гоцеви Денови” во селото Подгорци во Струга како патронат на училиштето “Гоце Делчев” во ова село. Ова било во 1971 година според достапните податоци во јавност. Таа иста година во Скопје се реализирал фестивалот “Песна за Гоце” во реализација на КУД “Гоце Делчев” од Скопје на денот на роденденот на Гоце Делчев на 04.02.1971 година.
Овој фестивал подоцна доби државен карактер на ниво во Македонија но и во 1981 година истиот стана државен фестивал на ниво во СФР Југославија. Секоја наредна година фестивалот стартувал од различна република во рамки на федерацијата. Истовремено започнаа да се реализираат и Пионерските Гоцеви Денови во Тетово а Музејот на град Скопје во рамки на организацијата на манифестацијата се придружувал со постановка и изложба посветена на ликот и делото на Гоце Делчев.
Со цел да се надминат финансиските потешкотии за реализацијата на сите предвидени активности во рамки на манифестацијата од страна на надлежните државни органи по барање на Републичката СИЗ за култура, РК на ССРНМ било одлучено да се формира Совет на Манифестацијата Гоцеви Денови. Советот на “Гоцеви Денови” се конституирал како делегатски орган од различни институции, организации, здруженија и поединци.
За прв претседател на Советот на меѓународната културно-научна манифестација “Гоцеви Денови” бил избран Генерал Михајло Апостолски во 1984 година. Самата манифестација добила своја институционална рамка со свој Статут со свои препознатливи традиционални содржини од областа на фолклорот и историјата – симпозиуми, културно-уметнички приредби, историски часови, натпревари по историја, издавачка дејност на тематски зборници од научните собири,
Кулминацијата на организирање, инволвираност, посветеност и вмреженост на манифестацијата била кон крајот на 80-тите години и почетокот на 90-тите години од минатиот век кога имала најдоминантно место во културниот живот на Република Македонија. Како најважен културен настан во Македонија во тие турбулентни времиња на распад на поранешна Југославија оваа манифестација одиграла и важна политичка улога во афирмацијата за постоењето и посебноста на Македонскиот национален идентитет самосвест. По осамостојувањето на Република МАкедонија во 1991 година оваа манифестација пополека го губи својот интензитет, значење и улога во Република Македонија за да целосно згасне во 2013 година.
Дел од составните активности и настани на оваа Манифестација која веќе не постои со напори на поединци и поедини институции продолжуваат да егзистираат некоординирано и неповрзано и ден денес одржувајки го жарчето кое што успеа да допринесе во борбата за создавање на саммостојна независна и слободна Република Македонија.
Дали и во каква форма оваа манифестација повторно ќе заживее веројатно е “прашање за милион долари” кај носителите на јавни функции во Македонија.
Во продолжение пренесувам фотографии од повеќе настани и активности поврзани со “Гоцеви Денови” во кои имав чест да учествувам во нивна реализација и афирмација:
Одбележување на “Гоцеви Денови” во Делчево- 05.09.2009 година
Манифестацијата беше организирана од страна на Советот на “Гоцеви Денови” во соработка со општина Делчево во рамки на повеќедневното одбележување на денот на ослободувањето на Делчево (некогашното Царево Село) 7 Септември како и Денот на независноста на Република Македонија- 8 Септември.
На манифестацијата присуствуваше и внуката на Гоце Делчев Катерина Нурџиева Трајкова која што доби од градоначалникот на Делчево г-дин Горан Малешевски признание за посебни заслуги. Внуката на Гоце одржа свој говор во Спомен Домот АСНОМ во Делчево за својот вујко, нејзините сеќавања за кажувањата за Гоце и неговото значење за Македонскиот народ. Катерина Нурџиева Трајков која последните денови ги живееше во Благоевград, Бугарија била и секретарка на Првиот Претседател на АСНОМ Методија Андонов Ченто.
Реализација на Последните “Гоцеви Денови” одржани во Делчево 13.07.2013 година
Промо материјали за афирмација на “Гоцеви Денови” кои се одржаа во сабота на 4 септември 2010 година
Последниот настап пред Делчевчани на легендата на Македонската новокомпонирана народна музика Гоце Арнаудов во рамки на Манифестацијата Гоцеви денови 04.09.2010 година
Разгледница од Делчево која носи печат на манифестацијата Гоцеви Денови
Овој текст ќе биде дополнуван со дополнителни содржини со тек на време во периодот што следува.
Пишува: Кирчо Анастасов







СЛИЧНИ ОБЈАВИ
34 годишна штипјанка предизвикала пожар во станот каде претстојувала кој се проширил на соседниот стан
Димчо Атанасовски: Поддршката на владата ни дозволува да ветиме асфалтен пат до секој дом и квалитетна вода за секое семејство
Тројца против двајца- физичка пресметка во Штип