БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Среќа во несреќа: Продолжен распустот на учениците за 2 дена поради загадувањето

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Загадувањето на воздухот предизвика од страна на Владата на Република Македонија да се донесе итна мерка за продолжување на зимскиот распуст на учениците за 2 дена.

Владата на Република Македонија денеска донесе итна мерка за продолжување на зимскиот распуст за два дена, односно заклучно со 22 јануари (вторник), поради континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови.

Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија, а истата е донесена преку итна координација на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.

Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае во времетраење од два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година.

Училиштата ќе бидат во функција, учениците нема да посетуваат настава во наведениот период.

Во овој период Владата, пред сѐ, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство, ќе ја следат состојбата врз основа на која состојба, а во координација со Министерството за образование и наука ќе одлучат околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст.

-соопштуваат од Владата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Веројатно оваа несреќна информација ќе биде своевидна радост за учениците за кои се продолжува зимскиот распуст.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace