Јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка за реформите во правосудниот сектор воопшто.
Притоа, обвинителот Коцевски детално го запозна амбасадорот Ле Риголер со предизвиците особено во однос на кадровски и финансиски услови со кои се соочува Јавното обвинителство, како и со преземените активности за јакнење на транспарентноста и довербата во институцијата.
„За Јавното обвинителство на Република Македонија меѓународната соработка е висок приоритет, а во тие рамки соработката со Република Франција се истакнува како исклучително важна. За нас и за вкупниот правен систем на Република Македонија, особено вредно е богатото искуство што на експертско ниво може да го понуди правниот систем на Република Франција“, рече Коцевски.
Ле Риголер изрази поддршка за активностите на Јавното обвинителство, нагласувајќи дека правосудниот систем е клучна област за владеење на правото и секогаш е предмет на интерес од перспектива на членството на земјата во Европската унија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ОТВОРЕНА РЕГИСТРАЦИЈАТА ЗА МЕДИУМИТЕ ЗА ПРВИОТ ФОРУМ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ДИПЛОМАТИЈА НА 25 НОЕМВРИ ВО СКОПЈЕ
Сали на Европската академија во Берлин: Постепената интеграција треба да донесе конкретни резултати пред членството во ЕУ
БОЖИНОВСКА НА СЕДМИОТ ФОРУМ ЗА ТРАНСАТЛАНТСКА ЕНЕРГЕТСКА СОРАБОТКА ВО ВАРШАВА