Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари работна средба со шефицата на ОБСЕ во Македонија Џилиан Стирк.
“Денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски се сретнавме со Џилиан Стирк, шефица на мисијата за набљудување на претстојните избори на ОБСЕ, Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР) и претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
Изразив очекување дека изборниот процес ќе помине во фер и демократски атмосфера.
Ги информирав претставниците на ОБСЕ/ОДИХР дека постои сомнеж оти постои потенцијална можност за злоупотреби во тек на изборниот процес од страна на СДСМ и ДУИ.
На средбата со претставниците на ОБСЕ/ОДИХР ја истакнав потребата од одржување на изборите, претседателски и парламентарни во мирна атмосфера.”
-информираше Мицкоски во врска со оваа средба.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава