Јавните обвинители и адвокатите се на спротивставени страни во судница, но на иста страна кога станува збор за почитувањето на човековите права и стандардите на кривичната постапка, заеднички заклучија Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија Лазо Ѓорѓиевски на денешната средба.
Од средбата Савески и Ѓорѓиевски упатија порака за целосна нетолеранција кон корупцијата и за зголемување на професионалните стандарди за интегритет.
Јавните обвинители од една страна и адвокатите од друга страна имаат огромна одговорност за враќање на довербата и во судот и во правосудниот систем воопшто, бидејќи со своето постапување пред судот во една контрадикторна постапка директно влијаат на угледот на судот и на довербата од граѓаните, се согласија Савески и Ѓорѓиевски.
Тие разговараа за повеќе прашања од заеднички интерес, при што договорија континуирана соработка пред се со цел овозможување ефикасност на постапките.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи