БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средба во пресрет на Меѓународниот ден на жената: Поттикнување на вистинска и одржлива рамноправност

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Генералната секретарка, Марина Димовска, оствари средба со пратеничките од Клубот на пратенички, во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8ми март. Оваа активност има за цел да ја поттикне дебатата и да ги промовира напорите за унапредување на рамноправноста во сите сфери на општествениот живот. Собранието секоја година организира пленарна седница посветена на ова прашање, како дел од своите активности за промоција на правата на жените и рамноправноста.

Активноста е и дел од стратешките цели предвидени во Акцискиот план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија за периодот 2025-2027, усвоен од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Генералната секретарка Димовска, при своето учество на средбата, нагласи дека оваа тема не е само важна за жените, туку и за целото општество. Таа истакна дека само преку заеднички напори на жени и мажи можеме да постигнеме вистинска и одржлива рамоправност. Во таа смисла, Генералната секретарка ја подвлече потребата за интегриран пристап во решавањето на овие прашања и истакна дека Собранието активно работи на создавање на услови за позитивни промени во оваа област.

На средбата беа дефинирани конкретни активности и иницијативи кои ќе се реализираат по повод 8-ми март, кои ќе ги охрабрат институциите и јавноста да ја зајакнат поддршката за рамноправност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Извор: Собрание.мк

Креирано од:


Пренеси го гласот