Денес остварив средби со раководствата на Македонскиот полициски синдикат, Независниот синдикат на полицијата и Синдикатот на полиција во Македонија. На средбите ја изразив својата отвореност за соработка со сите синдикати и посочив дека како Министер имам чесни и искрени намери за подобрување на работата на министерството во целост и во таа насока ќе бидам партнер на синдикатите со цел да се зајакне достоинството на полициските службеници кои треба да бидат сервис на граѓаните и гарант за безбедноста на државата.
Исто така, од моја страна беше побарано од синдикатите во рамките на своите можности да помогнат во решавање на проблемите поврзани со кризата која се појави во делот на издавање на лични документи, а јас како Министер ќе ги преземам сите мерки и активности во рамките на законските можности со цел обезбедување награда за оние вработени кои ќе изразат желба да помогнат во надминување на предизвиците поврзани со овој процес.
Од страна на раководителите, бев запознаен со структурата и работата на синдикатите и беше изразена благодарност за поканата за средба и подготвеност за соработка и воспоставување на партнерски однос со мене како министер во насока на подобрување на условите и работата на министерството.
Извор: Панче Тошковски
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Работна група формирана при Министерството за култура и туризам ќе ја унапредува работата на туристичките водачи
Лишени две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
Нова дигитална услуга на МВР, една од најбараните: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење