ДРЖАВА како се гради и брани
Стефан Влахов-Мицов
Оваа книга е напишана за денешниве генерации Македонци. Сега кога сум при нејзиниот крај, гледам дека адресата треба да се пренасочи кон идните генерации. И ќе се покажат вистинските зборови дека се ближи конечното обезличување на македонскиот народ и неговото разнебитување преку прекрстување на Македонија. Кон таков заклучок водат нашите продолжителни барања за ,, евроинтеграциите” и меморандумот за членство во ЕУ прифатен од македонскиот Парламент.
Откако стана јасно дека Унијата нема да ја прими Македонија под нејзиното уставно име (идентитет), Меморандумот означува готовност на капитулација, и тоа од сите политички сили. Зад идеата за единство по ова прашање се крие стравот дека еден ден ќе и биде побарано сметка, ако реализираат едно такво гнасно предавство. Бидејќи и во Библијата е кажано: ,,Сите згрешија и заедно непотребни станаа”.
Не случајно преговорите со Грција за промена на името (идентитет) продолжуваат. За време на својата посета на Скопје на 10 септември, посредникот Нимиц отворено ја демонстрира својата пристраност во поткрепа на Грција, но официјална македонска реакција немаше. Наместо тоа, во македонските медиуми се лансира страв дека ,,поволниот” предлог за Горна Република Македонија на Нимиц, би можел да се промени во ,,неповолниот” Република Горна Македонија. Всушност, нема никакво практично значење каде ќе биде додавката Горна, Северна итн., пред или зад Република. Во светските комуникации (со исклучок на дипломатскиот протокол) не се зборува за Република Грција, Република Италија, Република Франција итн., туку само за Грците, Италија, Франција. На ист начин велиме Норвешка, Холандија, Шпанија, а не Кралство Норвешка,, Кралство Холандија, Кралство Шпанија итн. Така е, затоа што општественото уредување на државите е привремена појава, а името и е трајно. Во новите времиња, на пример, Франција неколкупати е прогласувана за република и за монархија, но името и е едно.
Географската одредница е исто така трајно фиксиран поим. Горна Република Македонија означува дека за цел свет Македонија ќе се преименува во Горна Македонија со сите негативни последици за јазикот, историјата, културата итн.,односно за македонскиот идентитет. Мудрувањето на ситно од страна на политичките субјекти не само што ја засилува ароганцијата на соседите Грција и Бугарија, туку и нивните саркастични коментари. Бугарија веќе објави дека е против додавката Горна и Северна, а бугарски историчар предлага Македонија да се нарекува Охридска Бугарија. Во интернет абревијатурата БЈРМ (Бивша Југослословенска Република Македонија) Бугарите ја читаат како Бугарска Југозападна Република Македонија. Дотука ја дотеравме работата со својот простотилак. Полошото е дека поведението на македонските политичари, по којзнае кој пат ќе доведе до апсолутен крах. И тоа ќе биде уште едно од многуте предавства, за што можеме да напишеме повеќетомна историја.
Приближувачкиот крај на Македонија не значи дека Македонците ќе исчезнат од лицето на Земјата. Како што не исчезнале до денес. Македонците живеат во Европа, во Канада, САД, Австралија, Нов Зеланд итн., низ целиот свет. Македонскиот ген за разлика од македонските политичари, е вечен. Ако не собереме храброст да им кажеме ,,не” на ЕУ и САД, македонската историја ќе се збогати со уште една црна страница.
20 септември 2013 година, Скопје
Авторот
Што да се додаде денес кога сите анализи на авторот се остварени. Македонските политичари уште еднаш го предадоа сопствениот народ, македонската историја е збогатена со уште една цена страница од многуте досега што ги има. Времето ќе покаже кој колку и со што допринел за ова тешко предавството извршено од комплетните политички структури во нашата жална Македонија.
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!!!
🇲🇰🇲🇰🇲🇰В.М.🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Пишува: По патот на Македонската историjа
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Долгогодишен административен проблем е причина за доцнењето од неколку денови на платите за вработените во Министерството за култура и туризам
Судија на фудбалски натпревар во село Зрновци бил физички нападнат од струмичанец
Тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево-Гостивар: Загинале 3 а повредени се 8 лица