Торонто, 11 октомври, 2019
Организација Обединети Македонци во Канада
Прием на Организацијата Обединети Македонци во Канада по повод 11 октомври, денот на почетокот на се‘македонското востание против германските, италијанските, бугарските и албанските фашисти за време Втората светска војна.
Присутните прво положија свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци за слободата на Македонија и Канада, кој се наоѓа пред МПЦ Св. Климент Охридски во Торонто, а го изгради Организација Обединети Македонци во Канада во 1979 година.
Потоа, присутните им оддадоа почит на паднатите борци со едноминутно молчење, а со пригодни говори се обратија Драги Стојковски, претседател на Организација Обединети Македонци во Канада, Стив Плијакас и Мендо Бакаловски, поранешни претседатели на Организацијата, како и Никола Делов, секретар на Организацијата.
Благодарност на Оливер Петковски за приложените слики.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи