Денеска целокупната Македонска јавност е сведок на пуштање низ вода на досегашниот републички јавен обвинител Љубомир Јовевски од страна на владеачките СДСМ и ДУИ. За ваквата состојба своја прес конференција имаше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска која упати порака дека одговорност ќе има за сите прекршувања на законот од страна на одговорните во јавното обвинителство за изминатите 6 години додека Љубомир Јовевски беше на најодговорната функција:
“Нов ден, нов театар од страна на СДСМ.
Денес СДСМ ја повлече кандидатурата на Љубомир Јовевски за Уставен Судија.
Главниот политички егзекутор, слепиот послушник и заштитникот на криминалот на власта во изминатите 6 години си ја заврши работата а штета за тоа претрпе најмногу Македонското судство. По две ипол години и 25 продоленија на матичната комисија во собранието и по еклатантно кршење и газење на деловникот сега СДСМ глумејки одговорна партија се откажа од Јовевски.
Причината за овој театар е едноставна: Љубомир Јовевски повеќе не им е потребен бидејки задачата за која беше поставен си ја исполни а со тоа криминалите на СДСМ и ДУИ 6 години беа заштитени.”
-рече денеска на прес конференција од прес центарот на Собранието на Република Македонија пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска.
Целата прес конференција заедно со одговори на новинарски прашања може да ја погледнете во видеото во продоление:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Штипјанец сведочел а не пријавил нанесување на тешка телесна повреда
Македонија и Унгарија зацврстија стратешка енергетска соработка – делегација на министерството на петта седница на Мешовитиот комитет
„Вози безбедно – стигни сигурно“ – превентивна кампања на СВР Штип