Активисти на Демократската партија на Србите на Иван Стоилковиќ, партија која е во коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва се уапсени.Според информациите до кои дојдовме, активисти на ДПС се уапсени вечерва во Старо Нагоричане, само поради тоа што делеле промотивен материјал од својата кандидатка за градоначалник на оваа општина, Елена Јакимовиќ. Нив им било кажано да престанат со промоцијата на својот кандидат.
СДСМ, Зоран Заев и Оливер Спасовски продолжуваат да ја злоупотребуваат полицијата преку закани и апсења на политичките противници, недозволувајќи рамноправна битка во пресрет на локалните избори.
И додека Заев тврди дека немало место за изборни нерегуларности и имале обврска за чисти избори, на терен власта предводена од него и СДСМ го практикува токму спротивното преку злоупотреба на полицијата во предизборни цели, притисоци и закани кон активисти на нивните политички противници.
Извор: Курир


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија