Третата фестивалска вечер на 18. издание на Меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“ 2026 беше посветена на културното пријателство и соработката меѓу Виница и Струмица
Вечерта донесе две прекрасни уметнички средби – карикатура и театар, обединувајќи ги двата града преку хуморот, креативноста и заедничката љубов кон културата.
КАРИКАТУРА – „ЕРОТИКА И КАРИКАТУРА“
Беше отворена Меѓународната изложба на карикатури од 27. издание на Меѓународниот фестивал на афоризам и карикатура – Струмица 2026, кој се реализира во рамките на НУ Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица.За првпат, изложба од струмичкиот фестивал гостува во Домот на културата „Тошо Арсов“ – Виница, носејќи со себе духовити идеи, провокативни пораки и креативни интерпретации на темата „Еротика и карикатура“.
Посебен придонес во вечерната програма даде музичката изведба на Ивана Наумова Каранифилов и Славко Ѓоргиев, со дополнителен уметнички шарм на фестивалската вечер.
Публиката имаше можност да ги слушне и наградените афоризми од струмичката изложба, во интерпретација на младата актерка од Виница, Благица Стоименова, која настапи во уникатна креација наменета за карневалската свита на „Винчини“ на Струмичкиот карневал 2025. Уметноста, хуморот и карневалскиот дух уште еднаш се споија во една посебна фестивалска приказна.
ТЕАТАР – „ПЕТОК 13-ТИ“
Фестивалската вечер продолжи со комедијата „Петок 13-ти“, во продукција на НУ Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица.
Дали петок 13-ти навистина носи малер или е совршен повод за хаос и многу смеа?
Во оваа динамична комедија, еден навидум обичен ден се претвора во лавина од недоразбирања, љубомора, тајни и неочекувани средби, носејќи низа комични ситуации и многу смеа.
Креативен тим:
Автор: Жан Пјер-Мартинез
Режија, избор на музика и видеоанимација: Никола Ристов
Сценографија: Филип Коруновски
Два братски фестивала, два града, една заедничка приказна!
Организаторите од Виница упатија особена благодарност до нашите пријатели од НУ Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица за соработката, довербата и споделената љубов кон уметноста.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа