БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Студентите стипендисти на Општина Кочани ги потпишаа договорите за користење на стипендијата за академската 2025/26 година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Триесет и еден студент од Кочани ќе користи стипендија од Општина Кочани за академската 2025/2026 година.

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов им ги додели договорите на студентите и им посака успех во понатамошното студирање.

– Очекувам општинската стипендија, која од оваа година е со зголемен износ, да биде добра мотивација и поддршка за да постигнувате натамошни успеси во студирањето – рече во своето обраќање пред студентите градоначалникот Грозданов.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

– Конкурсот беше распишан за 30 студенти на прв циклус студии на јавните високообразовни институции во Македонија, но градоначалникот Грозданов направи отстапка и донесе одлука од својата буџетска програма да издвои средства за уште една стипендија, со што сите студенти што ги исполнија условите според конкурсот, ќе користат стипендија од Општина Кочани. Доделените стипендии се од сите категории опфатени со конкурсот – изјави Голубинка Георгиева, претседателка на Комисијата за стипендии.

Оваа година од 45 пријавени, деветмина студенти се откажаа поради добивање државна стипендија, а петмина не ги исполнија условите.Месечниот износ на општинската стипендија годинава е 4 000 денари и се исплаќа десет месеци.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace