БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Суден за настаните на 27-ми со отворени рани лежи во болница

Пренеси го гласот

Стојан Павлевски беше суден за обид за убиство на Зијадин Села при настаните на 27-ми април 2017 година во Парламентот на Република Македонија. Најпрво осуден па потоа ослободен, Стојан беше физички нападнат од страна на непозната група сторители при што му беа нанесени страшни повреди на телото.

Од страна на неговото семејство апелираат преку социјалните мрежи да му се помогне на овој човек кој лежи беспомошно на скопските клиники:

Стојан Павлески е самохран татко на едно малолетно дете. Тој лежи веќе 4 месеци на клиниката за Трауматологија во Државна болница, во тешка состојба со декубитни рани по телото од половина надоле, од кои се шири непријатен мирис. Овој човек беше осуден за обид за убиство на Села, од настаните на 27-ми Април, за кое беше докажано после судењето дека не е виновен, потоа ослободен и пуштен на условно. Неколку месеци после ослободувањето е нападнат и претепан до смрт. Има повреди на рбетот и крварење во мозокот. Лежи неподвижен во горните и долните екстремитети и неговите се жалат дека мораат сами да му ги преврзуваат раните бидејќи персоналот на клиниката се жали на предолгиот престој како и на мирисот кој се шири од раните. Состојбата е сериозна по неговиот живот.

Неговото семејство нема средства за подобар третман. Молат да се префрли на клиниката на Неврологија и соодветно да се третира. Молат за било каква помош!
Ве молам споделувајте!
Ви се обраќам и Вам, г- дин министре Венко Филипче да превземете мерки, бидејќи човекот се наоѓа во животно загрозувачка состојба.

Vera Mitevska е негова сестра, контакт тел.077 667 412
300007032499357 – Комерцијална Банка, бр.на трансакциска сметка на Трајанка Павлеска – мајката на Стојан

Креирано од:


Пренеси го гласот