БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Судот оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Уставниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека е оформен посебен предмет за оспорување на Протоколот од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија меѓу Македонија и Бугарија кој што е донесен на 17.07.2022 година.

Иницијативата за поведување на постапка за уставноста на овој протокол ја поднесе Лилјана Поповска пред Уставниот суд кој што е надлежен за хармонизацијата на сите државни документи со Уставот на државата.

” Поради поголем интерес на јавноста информираме дека е формиран предметот УЗ.44/2025 во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија донесен на 17.07.2022 година во Софија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во тек е претходна постапка во која се испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлука.

Подносител на иницијативата: Лилјана Поповска

Од наводите во иницијативата:

Подносителката на иницијативата наведува дека со оспорениот Протокол е прекршен член 8 став 1 алинеја 1, 2 и 11 од Уставот и тврди дека има несоодветна форма и содржина, дека излегува надвор од рамките на правен акт кој обработува еден член од Договор меѓу две земји и произведува штетни дејствија врз идентитетските прашања за македонскиот народ, јазик и држава. Според наведеното во иницијативата Протоколот е во спротивност со Уставот, бидејќи не е ратификуван во Собранието, не е објавен во дадениот уставен рок во „Службен весник на Република Северна Македонија”. Дополнително, се тврди дека е во спротивност со членовите 6-16, 19, 20 и 26 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори бидејќи не е почитувана процедурата за негово договарање, усвојување од страна на Владата и потпишување.

Подносителката бара поништување на Протоколот и наведува дека поништувањето е издржано согласно Виенската конвенција за договорното право(1969) со која е овозможено поништување во случај кога е во спротивност со императивната норма на општото меѓународно право, што таа го толкува и во овој случај.

Во иницијативата е наведено дека Протоколот не е полноправен акт потврден од Параламентот туку останува само записник од состанок на Меѓувладина комисија.

Се тврди дека за разлика на процедурата спроведена во Република Северна Македонија која ја оценува како како нетранспарентна и со пропусти, бугарската собраниска Комисија за текстот на Протоколот дискутирала уште на 23.06.2022 година, еден месец пред министрите за надворешни работи на двете земји да го потпишат Протоколот, а потоа на седница на 24.06.2022 година го усвоила целиот пакет од Францускиот предлог за почеток на преговорите со Северна Македонија со имплицитно вградениот Протокол.”

-информираат од прес службата на Уставниот суд на Република Македонија

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace