Синоќа, кај манастирот „Св. Пантелејмон“ беше реализирано набљудување на метеорскиот рој Персеиди.
Во рамките на програмата за млади „Лето во друштво“, организирана од Центарот за психосоцијална и кризна акција Малинска, со поддршка од Општина Кочани и Сапорт Кочани, младинци, но и деца и возрасни од Кочани и од околните општини учествуваа во една необична, магична ноќ под ѕвездено небо, набљудувајќи метеори и неколку болиди.
Членови на Скопското астрономско друштво им ја приближија астрономијата на учесниците во програмата, нивните пријатели и семејства, како и на сите останати што учествуваа на несекојдневниот настан.
Оваа содржина од програмата „Лето во друштво“ е реализирана како дополнителен поттик младите да гледаат кон небото, да се занимаваат со наука и да се приклучуваат кон разни друштва кои делат интереси, но и да создаваат свои друштва и иницијативи во кои ќе се пронаоѓаат и ќе создаваат заеднички моменти.
Изминативе два дена во програмата „Лето во друштво“ се реализираше фотографската работилница за цијанотипија, психолошки работилници, како и тимската олимпијада. Активностите продолжуваат со завршната работилница од серијата за цијанотипија и со работилницата на тема Токсични релации.
Фотографии: Europe House Skopje и Europe House Kriva Palanka
Извор: Општина Кочани

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево