Откако на партискиот веб сајт го наклеветиле Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, СДСМ си заработи осуда од судија и треба да плати оштета за своето злодело.
“Задоволството е поголемо и кога вака заробениот и корумпиран суд на власта не ќе може да го одбегне фактот дека СДСМ ме клевети. Токму вчера, на 20 септември уште една добиена пресуда против СДСМ дека клевети и шири лажни вести против мене.
Овој пат за тендерската постапка за пречистителната станица на Град Скопје, истиот тендер кој подоцна го потпиша градот, со грант обезбеден од оваа влада.
Лагите и медот останаа кај СДСМ и нивните апологети. Но и тоа нема да биде долго, зошто остана уште малку до смена на власта, кога ќе го почувствуваат вистинското владеење на правото и правдата.”
-напиша на фејсбук Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција