До нашата редакција пристигна јавно обзнането сведоштво на граѓанин во врска со погрешните практики кои ги спроведуваат властите во процесот на репатријација на Македонските граѓани од странство во овие услови на Вонредна состојба предизвикана од пандемијата со Ковит-19.
Во продолжение го пренесуваме во целост сведоштвото на овој граѓанин затекнат против своја волја во карантин каде не му се обезбедени основните животни и здравствени услови за дневен претстој:

“Таканаречениот “карантин” за нас, Македонците кои се враќаме во родната МАКЕДОНИЈА во екот на пандемијата, не само што е од финансиски аспект најпогрешната опција на северно-македонската влада, туку е и најнехумана! Тоа го тврдам одговорно. Сведок сум на неверојатно дрзок и ладен однос од целата организација за превоз и сместување на нас, Македонците кои се враќаме во родната Македонија и кои сме приморани да бидеме во некаков “карантин” без никаква друга опција. Единствено нашата северно-македонска влада спроведува вакви карантински мерки, ниту една друга држава во регионот и пошироко нема таква мерка. Луѓето се прегледуваат и се упатуваат во домашен карантин и во Србија и во Бугарија и во Грција….
Нас не третираат буквално како криминалци! Буквално!
Сето ова ми мириса на финансиска #малверзација на #владата, најверојатно со намера да со ова изнудат т.е #исперат државни или европски #пари…? Ова е несомнено, непрофесионално, неисплатливо трошење на #државни #средства.
Целиот овој проект е #некомплетен со безброј противречности. Уште на почетокот кога бевме соберени во автобусот, немаше никаква опција за дезинфекција на раце, никој не ни понуди маска или ракавици, никој не укажа на почитување на социјална дистанца, а со тоа го зголемија и ризикот на сите нас да се заразиме, бидејќи во тој момент нели, сите сме потенцијално заразени, при што го доведоа во опасност мојот живот и животот на сите други сопатници.
После 8 часа чекање во автобусот, без вода и храна бевме транспортирани во #мотел #стар #турист #палас во #Кавадарци.
Условите во мотелот не ни можете да ги замислите. Храната #ладна и се сомневам дека е исправна. Интернет нема и дури на третиот ден ни дадоја пасворд но интернетот се губи зошто е далеку од мотелот ,во соседната куќа .На мое прашање дали може да добијам вода, од страна на некој службеник или персонал ми беше одговорено “пиј од чешмата и ич к*р да не те боли”. Персоналот во мотелот непристоен употребува командни зборови со .ако нешто ни донесат некои приатели храна или вода ,кај нас ни ја носат после 2-3 саати.Се осеќаме крајно недобредојдени, а и не ни посакувавме да дојдеме туку бевме приморани.
Бог нека ни е на помош!
Бојкот!!”
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање волонтери во Министерство за дигитална трансформација
Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето
Тошковски: МВР формира нова Единица за сајбер безбедност која ќе биде клучен столб за дигиталниот суверенитет на институцијата