БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мисајловски со порака до власта: Освестете се пред да биде предоцна!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски денеска со повеќе актуелни прашања со обрати кон властите во државата во врска со проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Македонија.

Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата реакција:

“Дали треба да прифатиме реалност каде што има 555 заболени лица, а се исплатуваат средства за рекетарското СЈО?
Реалност во која нема средства за заштитна опрема за здравствените работници кои се во голем број заболени, а има за привремени вработувања и кетеринзи за мене е неприфатлива.
Вкупно 555 заболени лица, за еден ден 72 новозаболени, а само во Куманово 21 новозаболено лице.
Дали вонреднава власт е свесна што направи во Куманово, каде изминативе неколку дена делеа компири, брашно и зејтин на граѓаните спротивно на сите препораки?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Им станува ли сега појасно што направија во Куманово?

Дали беше хуман пристапот во петокот кога одлуката за спроведување на полицискиот час преку целиот викенд беше соопштена неколку часа пред тој да започне, по што граѓаните беа приморани да ги наполнат маркетите, пазарите и другите набавни места со цел да се снабдат со храна ?
Колкумина граѓани во овие две ситуации се новозаболени ?
Доволно беше да постапувате по предлозите кои ви беа давани од опозицијата, граѓаните и од локалниот кризен штаб за да спречите ваква ескалација.
Со овој ваш однос дали после Куманово, Скопје е следно за целосен карантин ?

Освестете се пред да биде предоцна!”

Креирано од:


Пренеси го гласот