БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Свети Николе-небезбеден град, граѓаните излегоа на протест

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Поголема група на граѓани од Свети Николе синоќа (недела 09.09.2018 година) спонтано се собраа да ги искажат својот револт против неработењето на органите на прогонот (полиција и судски власти) против се почестите појави на грабежи и насилство што се случува во градот.

Вечерва спонтано се организираше поголема група револтирани граѓани на Свети Николе кои одржаа протестен марш од Основниот суд Свети Николе преку централното градско подрачје до Полициската станица во Св.Николе каде јавно го искажаа својот револт поради непреземањето на мерки од страна на надлежните судски и полициски органи поради се почестите грабежи и насилства од страна на ситните веќе познати криминалци и на јавноста и на органите на јавниот ред и мир.
Несигурноста и стравот на граѓаните од ден на ден е се поголема, а револтот од ден на ден постојано расте.
Апелираме до надлежните органи да ги преземат сите потребни мерки како би се вратил мирот и сигурноста на граѓаните во Општина Свети Николе.

-стои во соопштението пренесено од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе на социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот