Откако беше предложен а потоа и избран новиот претседател на Унијата на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Тодор М. Конески преку социјалните мрежи упати своја порака до јавноста.
Тој искажа јавна блгодарност за укажаната доверба на раководството на партијата предводено од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и вети посветена работа во неговиот претстоен мандат во интерес на сите млади луѓе во партијата и државата.
“Почитувани браќа и сестри, почитувани пријатели,
По предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, а со одлука на Извршниот комитет ми е укажана довербата да ја предводам Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Најголемата и најсилната младинска политичка организација во Македонија.
Благодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и на Извршниот комитет за укажаната доверба и можноста да ја водам организацијата која со години е двигател на младинската енергија и силата на нашата партија.
Мојот пат во Унијата започна во 2016 година. Од тогаш до денес, секој чекор беше работа, секоја обврска беше докажување, а секој предизвик беше мотивација да се оди напред. Заедно со генерации млади луѓе ја градиме Унијата како организација што не следи време, туку го обликува.
Посебна благодарност до досегашниот претседател, Сергеј Попов, кој ја предводеше Унијата на млади сили во едни од најкомплексните времиња за државата и за партијата. Неговото водство остави стабилна, организирана и силна Унија, со јасна структура и јасна насока. Тоа е темелот врз кој продолжуваме.
Благодарност и до сите претходни претседатели на Унијата на млади сили кој со својот труд ја граделе УМС. Благодарност и до сите членови, активисти кој несебично се посветиле на нашата визија наречена УМС на ВМРО – ДПМНЕ и Македонија!
Денес продолжуваме со уште поголема енергија, поголема организација и уште посилна работа. Ќе бидеме уште поприсутни, уште поорганизирани и уште поодлучни во секој сегмент на нашето делување. Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде политичка сила во рамки на ВМРО-ДПМНЕ.
Да живее УМС!
Да живее ВМРО – ДПМНЕ!
Да живее Македонија!”
-напиша на социјалните мрежи Тодор. М. Конески- нов Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!