Надпросечно високите температури за овој период од годината што ја зафатија Македонија може да ја доведат во прашање есенската сеидба зашто почвата нема доволно влага. И она малку што беше апсорбирано од последните врнежи, велат агорметеоролозите, можно е да испари.
За останатите култури топлото време не е критично, ниту се ризични студените утра и ноќи зашто мраз нема. Дури за некои, како градинарските растенија на отворено, пиперки, карфиол, зелка, кељ, кои засега функционираат без пробем, повисоките температури се добродојдени.
– Отежнати се условите за сеидба на есенските култури, може да се рече и дека сеидбата е доведена во прашање. Почвата е сува, високите температури нагло ја дехидрираат па и тоа што поникнало може да се исуши. Посебно е критична состојбата во Пелагонија и Овче поле. Таму веќе има проблем, изјави Ангелко Ангелески од УХМР.
Кај овошките и лозјето, рече, листовите се уште не се паднати и не може да се размислува за нови садници, а бидејќи нема мраз, нема ни оштетувања.
Според Ангелески, уште една недела се очекуваат вакви температури, но, сега е рано да се предвидат евентуални последици од нагло заладување.
Извор: Курир

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ
Предупредување од пет зборови што сопругот ѝ го упатил на сопругата додека таа го снимала како пука во неа откако дознал за нејзината афера