ДО ЛАЖНИТЕ ПРИЈАТЕЛИ
Зелената трева не никнува,
Магарето нема работа и чека.
Се инаети, прети не цркнува,
Ако треба ќе чека и пет века!
МУРТИНСКИОТ ФАЛБАЏИЈА
Секојдневно ние подлабоко тонеме
Во калта на Моноспитското блато
А лидерот ќе загрздави и ќе онеме
Фалејќи се со заслугите за НАТО.
К О Н Т Р А С Т
Имам вродена маана, не мразам никој
Помагам без надомест од срце на секого
Познавам такви кои без пара во плико
Не мрднуваат со прст, не помагаат никого.
Васил МАНЕВСКИ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи