Денеска од Археолошкиот локалитет “Виничко Кале” во Виница свое видео обраќање имаа досегашната пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Магдалена Манаскова како и кандидатката за пратеник на претстојните избори на 15 Јули од редовите на Коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Христова.
Нивните пораки ги пренесуваме во продолжение:
“Почитувани граѓани,
откако е на власт СДСМ во последните три години, за првпат во последните триесет години од Буџетот на Република Македонија за археолошкиот локалитет Виничко кале, се издвоени нула денари. Три години власт СДСМ, нула денари за археолошкиот локалитет “Виничко кале”. Средствата за проектите на Музејот на град Виница и домот на културата “Тошо Арсов” се минимални, а за Меѓународниот фолклорен фестивал “Истибањско здравоживо” во 2019 година се издвоени исто така нула денари. СДСМ освен лажна пропаганда нема никаков сенс за она што претставува културата и колкаво е значењето на културното наследство за општина Виница.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период за археолошкиот локалитет “Виничко кале” како капитален проект има издвоено над 10 милиони денари а за проектите на музејот на град Виница 2.360.000 денари. Во археолошките истражувања беа ангажирани стотина работници и сите археолози од Виница и пошироко. Интензивно се работеше на реконструкција и реставрација на бројниот археолошки материјал и се публикуваа проспекти за промоција на Виница и Виничко кале како и нај репрезентативната монографија за теракотните релјефи “Виничката мистерија”.
СДСМ освен што го остави локалитетот на милост и немилост, го остави без денар, не работеше воопшто на негова заштита и Виничко кале во изминатите три години претрпе огромни оштетувања. Освен што не работеа една од најголемите лаги на СДСМ е и колективниот договор за вработените во културата, кој очигледно нема да важи од 1 Јули, и е очигледно уште една лага во низата празни ветувања,”
-соопшти досегашната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Магдалена Манаскова во Македонскиот парламент.
Во видеото во продолжение се обрати и Даниела Христова која е кандидат за пратеник од редовите на Коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Таа промовираше дел од проектите вклучени во предизборната програма “Проект: Македонија”
Погледнете ги двете обраќања во видеото во продолжение: