БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Трипуновски од Стојаково: Земјоделците во овој регион имаат многу проблеми, но решени сме да го вратиме достоинството

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Заменик министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски текот на денешниот ден го користи за работни средби со земјоделците во регионот на Богданци.

“Денеска сум на работна средба со земјоделската задруга Јужен Бисер Плус во с. Стојаково, Богданци.

Се изнаслушав многу проблеми со кои се соочуваат земјоделците од овој регион, како најголем проблем е системот за наводнување кој е тотално нефункционален и доставата на вода која не е загарантирана ги спречува земјоделците правилно да го планираат производството, исто така како проблем се истакнуваат задоцнетите и неисплатени субвенции кои и те како им се потребни во овој период кога го припремаат производството за новата сезона, потоа следуваат проблемите со пласманот и откупната цена на земјоделските производи како и тоталната не грижа на министерството и Владата за македонските земјоделци.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план и програма како да ги реши проблемите на земјоделците и ќе започнеме со имплементација на решенија после 8ми мај, сите заедно сплотени ќе работиме на креирање нови политики и мерки кои во иднина би биле во корист на сите земјоделци во Република Македонија, а со тоа и ќе го вратиме достоинството на македонските земјоделци!”

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на заменик министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace