Моќна политичка порака во пресрет на првиот круг на локалните избори кој што ќе се одржи за една недела, упати преку социјалните мрежи кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” Димчо Атанасовски.
“Поддршката од докажани градоначалници како Дарко Митевски и Перо Митревски, како и од пратеникот Драган Ковачки, е силен ветер во грб и потврда дека сме на вистинскиот пат!
Македонска Каменица секогаш се развивала кога ВМРО-ДПМНЕ било на власт — и така ќе биде и понатаму!
Со овој тим на советници, со поддршка од централната власт и со јасна визија, продолжуваме посилно од кога било!
Работа, развој и резултати – тоа е нашата определба за Каменица! БРОЈ 9″
-напиша на социјалните мрежи Димчо Атанасовски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
По средбата со градоначалникот на Кочани Грозданов претставниците од Здружението 16 март 2025 порачаа: Не сакаме Кочани да биде град во кој ќе згасне радоста!
Обраќање на градоначалникот Владко Грозданов – благодарност до амбасадорот на Република Полска, Н. Е. Мариуш Бримора
Одбележан Денот на претприемачот во Кочани: Илјада лалиња и разговори за заедничка иднина