Пратеникот во Македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки по повод денешниот државен празник 11 Октомври- Денот на востанието на Македонскиот народ упати своја порака преку социјалните мрежи:
“Имало и ќе има македонски синови кои ќе се борат за неа.
Тоа биле јунаци, кога сите шанси за успех биле минимални, кога ги затворале, измачувале, фрлале низ прозор како пример за останатите.
Не им било лесно кога го кревале востанието, ама намерата им била јасна и чиста. И затоа успеале.
Немало калкулации дури ни за своите животи.
Поклон и благодарност до сите македонски херои.
-напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене