По повод Светскиот ден на здравјето млади активисти на Унијата на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево денеска покажаа дека младинскиот активизам во оваа општина на крајниот исток од државата не е сосема згаснат. Преку личен пример младите на ВМРО-ДПМНЕ го афирмираат младинскиот активизам во локалната заедница која што во последните години драстично се празни не само од млади луѓе, кои бегаат од безизлезноста во која се наоѓа народот во Делчево.
“По повод “Светскиот ден на здравјето” , како УМС на ВМРО-ДПМНЕ Делчево, организиравме акција со мерење на шеќер во крвта и крвен притисок.
Со оваа акција сакаме да покажеме внимание, за здравјето на нашите сограѓани ,кои ни се неизмерна поддршка, им поделивме и промотивен материјал и вода, да бидат хидрирани на овој сончев, пролетен ден, кој ги наговестува промените во општеството.
Младите се тие кои ќе ги донесат промените, доволно е возрасните да ни бидат ветер во грб!”
-информираа од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.
4
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево