Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во посета на граѓаните на Свети Николе. Во рамки на посетата беа реализирани повеќе средби со граѓани меѓу кои најмногубројни се земјоделците и пенционерите кои што бараат спас од ВМРО-ДПМНЕ за лошите услови за живот наметнати од катастрофално погрешните политики на СДСМ.
“Како што нашиот градоначалник во Свети Николе две и пол години гради, така ќе работи идната централна власт, односно владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Овде се гради со визија, со стратегија со план и тоа граѓаните го чувствуваат.
Денеска ќе оствариме средба и со пензионерите и со земјоделците, да ги видиме категориите на граѓани кои беа отфрлени од СДС.
Тука сме да ги понудиме нашите проекти, да кажеме дека по 5.000 денари линеарно ќе ја зголемиме пензијата на сите пензионери и да кажеме дека 800 милиони евра ќе вложиме во земјоделието.
Тука сме да кажеме дека е дојдено времето за промени, тука сме да потврдиме дека Гордана Силјановска Давкова треба да биде идниот претседател на Република Македонија.
Сите граѓани ги замолувам и повикувам на 24 април да излезат и масовно да се приклучат на промените, да го дадат својот глас за горда Македонија, за твоја Македонија.
-рече Драган Ковачки денеска од Свети Николе
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани објави Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари
Амбасадорот на Чешка во посета на Кочани
Лишен од слобода возач од Пробиштип, управувал возило под дејство на алкохол