Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој што се наоѓа на кандидатската листа за пратеници од СДСМ во Третата изборна единица, денеска беше во посета на Делчево. Од споделените фотографии со јавноста од посетата на оваа општина на крајниот исток од државата може да се забележи дека Министерот Николовски е во присуство на луѓе од подрачната единица на министерството како и во придружба на Трајан Димковски, а забележливо беше отсуството на актуелниот Градоначалник Горан Трајковски.
Отсуството на делчевскиот градоначалник Трајковски како домаќин да го пречека својот партиски другар од Скопје е крајно чудно затоа што според познавачите на состојбите во СДСМ Делчево актуелниот градоначалник и Љупчо Николовски важат за особено блиски сопартијци во СДСМ.
Дополнително во целата состојба се јавува сомнеж поради кои причини Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски не е вклучен во оваа теренска агенда на Министерот Николовски во предизборниот период? Горан Трајковски како еден од најискусните активисти на СДСМ во изминатите изборни циклуси беше главниот теренаш кој што ги носеше изборните победи на СДСМ, па неговото отсуство во оваа предизборна кампања е повеќе од невообичаено.
Пред извесно време нашиот портал информираше за внатре партиските апетити на поединци да се најдат што повисоко на кандидатската листа на пратеници во третата изборна единица, но партиските органи одлучија на 11 место на листата од Делчево да се најде поранешниот Претседател на Советот на општина Делчево Драган Маневски.
Дали внатрепартиската битка за превласт и разногласие во врска со заслугите на СДСМ во Делчево е причина за игнорирањето на посетата на Николовски на Делчево од страна на градоначалникот Трајковски е прашање кое што се наметнува по исходот од денешниот ден кога Љупчо Николовски шеташе низ Делчево без неговиот главен политички оперативец во оваа општина.
Дополнително добро упатени поединци во СДСМ брифираат дека политичката тежина на градоначалникот Горан Трајковски почнала да ги засенува останатите поединци кои што исто така имаат политички амбиции па поради тоа препораките од Скопје биле Трајковски да не се вклучува во оваа кампања затоа што имал голем број поддржувачи во СДСМ кои го барале него да се најде на кандидатската листа на пратеници за овие избори, па така неговото отсуство е на еден начин контрола на штетата со исходот од распоредот на листата на кандидати за пратеници.
Дали Драган Маневски од Делчево кој што е на 11 место на листата ќе успее да влезе во парламентот останува да видиме со оглед на отсуството на еден од главните теренаши на партијата во оваа кампања- Градоначалникот Горан Трајковски.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишен од слобода кочанчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол
Пробиштип два дена домаќин на Првата докторска олимпијада
Жител од Пробиштип уапсен во Свети Николе поради тешка кражба