Настанот за утрешниот ден го најавија од Општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани со што ги повикаа сите граѓани да го посетат овој настан со што ќе се запознаат со визијата и определбите на Гордана Силјановска Давкова за наредниот пет годишен претседателски мандат.
Настанот ќе започне во 20.00 часот во Паркот на Револуцијата во Кочани.
Почитувани, медиуми, почитувани сограѓани
Изминативе 7 и пол години се можеби најтешките години за Македонија.
Порази на секој чекор, понижување на меѓународен план и дома, инфлацијата го изеде и онака нискиот стандард, учениците ни учат без учебници, болните се лечат без лекови, правда никаде…
Наместо претседател, имавме статист, човек кој секојдневно си противречеше сам на себе и наместо став добивавме само констатации.
Ветуваа живот, а донесоа само корупција, криминал, сиромаштија и неправда.
Доста беше, одсега бираме иднина каква што заслужуваме. Иднина која што треба да биде горда.
Гордана Силјановска Давкова е вистинскиот избор за Македонија, претседател кој ќе ја направи Македонија горда повторно.
Жена, докажана на надворешен план и дома, жена која што во својата професионална кариера ја бранеше Македонија насекаде во Европа и во светот.
Ве повикувам на заедничка трибина со идниот претседател на Македонија во Паркот на Револуцијата во Кочани, утре 7 ми Април во 20:00ч. Изборот е јасен, а тоа е Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија.
Ви благодарам
-рече Гоце Марков- Секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани на денешната прес конференција.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани
Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“
Кривична пријава против поранешна директорка на Јавната Здравствена Установа “Гоце Делчев” Делчево