БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: Факти и заклучоци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На една непозната планета живееле луѓе, чија висина била точно 1,5 метри. На друга планета живееле луѓе, високи точно 1,8 метри. На трета планета живееле луѓе, со висина од точно 2,5 метри. Фактите за нивната висина не биле спорни, бидејќи навистина едните биле високи 1,5 метри, другите 1,8 метри, третите 2,5 метри. Меѓутоа, од овие факти секој извлекувал различни заклучоци. За првите, другите биле енормно високи луѓе. За вторите, првите биле ниски луѓе, додека третите ги сметале за многу високи. За третите, сите други биле ниски луѓе. Притоа, секој сметал дека е во право. Заначи, фактите се исти, но преспиктивите од кои се гледаат/проценуваат се различни. Гледањето/проценувањето е право на секоја индивидуа (макар било спротивставено со гледањето/проценувањето на другите) бидејќи, кога би било поинаку, не би имало слобода. Оттука, најверојатно, и различното гледање/читање на истите факти. Проблемите настануваат кога едното гледање/читање се прогласува за единствено точно.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace