Пред некој ден, во куси црти, го раскажав митот за кралот Мида. Толку копнеел кон богаството што посакал сѐ што ќе допре (во истио миг!) да се преобрази во злато. Желбата била исполнета.
Меѓутоа, кога ќе посакал нешто да касне (јаболко, грозје, да се напие вода или да вкуси од најдобрите пијалаци) тоа веднаш се преобразувало во злато, кое не можело ниту да се јаде, ниту на кој било начин да се вкуси. Понекогаш, можеби, ќе посакал нечија нежна коса да погали или од некого да биде погален, да бакне или да биде бакнат.
Попусто – веднаш нештата се преобразувале во злато. Станал жртва на сопствената лакомост – на живите нешта им ја одземал нивната живост, нивната сочност, нивната благост, па и самиот останал без нив. Меѓутоа, уште поголеми жртви на неговата лакомост биле другите. Како некого ќе допрел или погалел, сеедно дали биле неговите дечиња, неговата сопруга, неговите внучиња или блиските и љубени луѓе, од суштества полни со живот, ги преобразувал во немоќни, мртви суштества – во злато.
Животот, во името на лакомоста, престанал да постои.
Сѐ преобразил во мртво. На местото на животот, дошло мртвилото.
Пишува: Проф. Љубомир Цуцуловски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!