БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Денес се навршуваат 20 години од смртта на Душан Пекиќ- Пинки

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со една филмска улога замина во легендите.

Станува збор за Душан Пекиќ или добро по познат како Пинки од култниот српски филм од 90-тите години “Рани” (срп. Ране) во режија на Срџан Драгојевиќ.

Душан Пекиќ е роден на 2-ри мај 1980 година во Земун, Србија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Неговиот талент бил откриен од продукциската екипа за филмот чие што дејствие било базирано на вистински настани и вистински лик. Ликот на Пинки се однесува на млад србин кој што расте во најбурните времиња во кои се наоѓа неговата држава после 2-та светска војна. Растејки во време на безредие, криминал, меѓународни санкции, и речиси сите можни девијантни појави кои што го опкружувале младиот србин во тие времиња, тој и неговиот другар Шваба како главни протагонисти во филмот се борат да направат нешто од сопствениот живот во подземјето во градот кој што живеат. Овој филм веднаш ќе прерасне во вистински култ помеѓу младите во бившите простори на СФРЈ.

Пинки бил крстен од својот татко по име на поранешен партизан кој се борел за Југославија. Претходно татко му сакал да го крсти со името Тито, но властите сметале дека тој потег бил несоодветен. Експлицитната авантура низ кој поминуваат Пинки и Шваба на почеток добива своја иницијација преку лукот на “Чика Куре” чија што улога ја глуми Драган Бјелогрлиќ. Филмот е исполнет со екстремно експлицитни сцени, експлицитен речник како уметнички контраст на се она што го преживеале младите на овој простор во бурните времиња на 90-тите години. Оттука поврзувањето на публиката со ликовите во филмот се случило многу брзо а репликите од филмот и ден денес се повторуваат.

За време на премиерата на филмот официјални претставници на политички институции истата ја напуштиле, а проекцијата на филмот била забранета.

Душан Пекиќ во 2000 година заминува на отслужување на задолжителниот воен рок во Краљево. На 26 Март умира во сон поради угушување со желудичен раствор.

Креирано од:


Пренеси го гласот