Ценетиот Бујар Османи дел од реакциите на македонската јавност, кои се однесуваа на неговата лична иницијатива/инспекција за проверка на двојазичноста во Република Македонија, му наликувале на хистерија. Сепак, изуми (изуми?) да каже како го оценува, односно како тогаш го оцени пеењето на албанската химна во Собранието на Р.М. од 27.04.2017 година, истакнувањето на албанското знаме во официјалниот кабинет на претседателот на Собранието или неговото неодамнешно залагање за неекстрадиција на еден косовски државјанин, како да беше, во најмала рака, граѓанин на Р.М. или тој (Бујар Османи) како да е висок функционер на Косово, кој се грижи за сопствените граѓани во други држави. Или, сѐ се сведува на селективна пресметаност – таму каде што треба да се рагира, се рагира; таму каде што не е опортуно да се реагира, се молчи.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција