БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љубомир Цуцуловски: ПРАВНА ДРЖАВА?

Пренеси го гласот

За правната држава не е значајно само дали постапува според законите, туку исто толку значајна е (ако не и позначајна) природата/карактерот на законите. Ако се почитува само првиот услов (спроведување на постоечките закони), тогаш ќе мора да се констатира дека една од најправните држави бил СССР, бидејќи секое постоење на друга партија, кое е надвор од единствената КПСС, доследно било санкционирано. Во Хитлерова Германија расната и религиозната дикриминации биле целосно почитувани. Ако така се гледа на правната дежава, следи дека тие биле правни држави во секој поглед. Не само што се придржувале до законите, туку и ригидно и без милост ги спроведувале. Затоа, исто толку значајно е какви се законите – дали се во функција на слободата и човечноста на сите граѓани или само на некои. Без да се води сметка за овој момент нема и не може да има правна, праведна и хумана држава, која би била во корист на граѓаните. Се разбира, онолку колку што некоја држава може да биде праведна. Како може да се зборува за правна држава, ако законите (како, на пример, законот за Ј.О.) се донесуваат по скратена постапка; со уценети и манипулирани пратеници; ако тоа што претходно се сметало за легитимен доказ (тајно снимени телефонски разговори) сега не се зема предвид; ако се намалуваат критериумите за избор на јавни обвинители; ако…?

Затоа, Тразимах (459-400 година п.н.е.) не бил луд кога тврдел дека праведното не е ништо друго освен тоа што е во корист на појакиот. Притоа, додавал: „Секоја власт донесува закони во своја корист… Донесувајќи ги законите, прогласуваат дека нивната корист е праведност за поданиците… Мислиш дека овчарите и говедарите се грижат за доброто на овците и говедата и дека, додека ги хранат и згојуваат стадата, мислат на нешто друго, освен на својата корист?“ Токлу од Тразимах. П.С. Името Тразимах во превод значи воин/насилник.

Креирано од:


Пренеси го гласот